.







АНАРХИСТИЧКИ ФРОНТ - ANARCHIST FRONT
ВЕСТИ

Анархистичка библиотека на македонски јазик

Како дел од проектот http://theanarchistlibrary.org/ со задоволство ви ја прикажуваме и македонската верзија на истата библиотека со преводи на македонски јазик. http://mk.theanarchistlibrary.org/ Бројот на текстовите ќе се зголемува со текот на времето, секој/а кој/а ќе сака да учествува со превод или авторски текст е добредојден.




10 ГОДИНИ БАЛКАНСКИ АНАРХИСТИЧКИ САЕМ НА КНИГА

Од 24-ти до 26-ти мај, 2013, Љубљана, Словенија



Федерацијата за анархистичко организирање (ФАО) ги поканува сите да дојдат во Љубљана овој Мај и да ни се придружат на Балканскиот анархистички Саем на книга (БАСК). Поминаа 10 години откако БАСК го зпаочна своето патешествие низ Балканот со цел да ги поврзе локалните и регионалните, како и интернационалните анархистички заедници и да обезбеди простор за размена на анархистичките идеи, практики, литература, материјали, културни настани, работилници и јавни дискусии.

Фактот што сега живееме сред една општа социјална криза станува неотповиклив. Наоѓајќи се себеси во средината на вртлогот на капиталистичкото уништување, често пати се чувствуваме слаби и фрустрирани. Капитализмот ги уништува нашите животи секојдневно на многу различни и на многу реални начини. Ни ја одзема иднината. Често пати наоѓаме дека некои од старите механизми на борба, кои беа некогаш изворот на нашата моќ, веќе не се доволно ефикасни. Сепак јасно е за нас дека немаме друга опција освен борбата и градењето над и зад постоечкото. Секако дека не ни недостасуваат корисни анализи, критики, семинари и конференции. Време е за акција.

Практики на отпор, солидарност и градење на заедници против и зад капитализмот отсекогаш постоеле низ историјата и имале итегрален дел од анархистичките заедници. Денес, потребата од такви практики се има проширено повторно понатаму од малите заедници кон поширокото општество. Пустошот што капитализмот го остава зад себе, е простор што треба да се пополни со имагинација и секојдневни практики што произлегуваат директно од нас и нашите желби. За сите.

БАСК е еден од таквите простори, каде може да се разменуваат искуства и стратегии. Во контекст на овие нови социјални услови можеме да покренеме прашања и да побараме одговори. Некои од прашањата кои сакаме да ги дискутираме се: Дали навистина се бориме на нов терен и каков е тој? Какви би биле новите стратегии за борба? Која е улогата на аархистите во современите социјални борби? Што сме научиле од минатите искуства?

Ги повикуваме сите за поддршка на настанот со учество и материјали. Целиот настан ќе биде бесплатен, организиран според принципите на солидарност, взаемна помош и градење на заедничка моќ.

Исто така прифаќаме предлози за програмата на настанот на bab2013 [at] riseup.net

Информациите ќе бидат ажурирани на: http://www.a-federacija.org

Федерација за анархистичко организирање - ФАО

Текст
ВИДЕО

Балада за Сако и Венцети

СЛОБОДА
Онлајн текстови
Бог е злобен, човекот е слободен - Прудон

Анархизмот во Латинска Америка

Смртта на еден Палестинец - Полак

Моќта ги корумпира и најдобрите - Бакунин

Развој на анархистичките идеи во Македонија - Инџиќ

Анархизмот и насилството - Малатеста

Капиталистичкиот систем - Бакунин

Комунизам и анархија - Кропоткин

Анархизам и комунизам - Фабри

Анархизам - Савески

Што е анархија?

Што е анархизам?

Кои се анархистите?

Што е безвластие?

Вовед во анархокомунизам

Што е анархокомунизам? - Прајс

Кон анархизмот - Малатеста

ОРГАНИЗАЦИОНА ПЛАТФОРМА - Махно и др.

Правото на глас на жените - Голдман

Писмо на Кропоткин до Ленин

АНАРХИЈА ПОЕМА

Југославија – Империјалистичка војна

Улогата на Католичката црква во Холокаустот во Југославија

Анархизам - Беркман

Синдикализам и анархизам - Кропоткин

Што да се прави? - Малатеста

Што е капитализам?

Први Мај - Махно

Последното писмо на Кропоткин

Организацијата на Првата Интернационала - Бакунин

Бездржавен социјализам: Анархизам - Бакунин

Петар Манџуков - биографија од Хаџиев

Дискусија за анархија - Малатеста

Анархија и организација - Букчин

Site Meter